Карпош Соколи добија 10.000 евра казна од БИБЛ

Македонскиот претставник Карпош Соколи, очекувано, го загуби со службен резултат 0-20, дуелот против Теодо во БИБЛ, откако тимот се повлече од теренот на 2:45 минути пред крајот на мечот и не го доигра. Раководството на Балканската лига му изрече финансиски казни на клубот за одлуката Карпош Соколи да не го доигра натпреварот, како и за неправилен настап против кумановци.

„Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна за напуштањето терен, а идентичнa казнa од 5.000 евра има и за мечот со Куманово, кога на теренот немало ниту еден домашен играч, како што е предвидено во пропозициите.

incident sokoli1

При резултат 60-61, во последната четвртина, Карпош Соколи незадоволни од делењето на правдата на овој натпревар, го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната.

БИБЛ побара од Карпош Соколи до утре да уплати 6.000 евра на сметката на лигата доколку сака да продолжи да се натпреварува.

Се вчитува...