Карпош Соколи ќе игра во квалификациите за ЛШ на ФИБА

Карпош Соколи ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Работнички, иако имаше такви најави, сепак, нема да учествува во ова натпреварување.

„Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло, и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат во групната фаза од натпреварувањето.

Според ФИБА, во првото квалификациско коло ќе се натпреваруваат вкупно 16 тимови, меѓу кои и македонскиот претставник Карпош Соколи. Само најдобрите ќе се пласираат во групната фаза, каде ги чекаат тимовите кои веќе се одредени како учесници во регуларниот дел од сезоната.

liga sampioni kosarka

regularna sezona

Се вчитува...