Карпош соколи со парична казна од 12.000 евра, следи и суспензија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Карпош соколи со парична казна од 12.000 евра, следи и суспензија

Карпош соколи со парична казна од 12.000 евра, следи и суспензија

Македонскиот вицешампион Карпош соколи заработи суспензија и огромна парична казна од страна на АБА-лигата, по критиките што претседателот на „соколите“, Огнен Дедиќ ги упати кон челниците на лигата. Дедиќ во интервјуто за клупската веб страница ги нарече челниците на АБА „канализациски шлајм“, критикувајќи го неговиот однос кон македонскиот клуб, но веднаш следеше одговорот од највисокото раководство на регионалната лига.

Согласно пропозициите на натпреварување, поради неодговорните изјави на претседателот Огнен Дедиќ, со кои е направена штета врз спонзорите и имиџот на АБА-лигата, Карпош соколи е казнет со 12.000 евра. Поради тежината на престапот, АБА-клубовите на предлог на претседателството на лигата ќе решат за долгорочна забрана за Карпош соколи да настапува во натпреварувањата под капа на АБА“ – се вели во соопштението.

Само за потсетување, критиките на Дедиќ уследија откако АБА пред финишот на ланската сезона ги смени правилата и објави дека во новата сезона ќе учествуваат само екипите кои се основачи на регионалното натпреварување. Згора на тоа, Карпош соколи беше дополнително повикан да биде дел од втората лига на АБА, по што македонскиот тим се почувствува навреден, па следеше реакцијата на Дедиќ преку жестоки критики до највисокиот врв на оваа лига.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.