Касано ќе игра на Кипар во дресот на АПОЕЛ?

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рома, Милан, Интер, кој во моментот е член на Сампдорија, би можел кариерата да ја продолжи на Кипар. Тој е во преговори со АПОЕЛ и би можел да го засили овој клуб во трката за шампионската титула, против Иван Тричковски и Даниел Мојсов, и нивниот АЕК Ларнака.

34-годишниот Касано одамна е во немилост на стручниот штаб на Сампдорија и не добива шанса за настап, а тоа сака да го искористи раководството на АПОЕЛ и да го доведе овој одличен голгетер во кипарскиот шампионат.

Се вчитува...