Каталонците револтирани: Дајте им го трофејот на Реал, и да не се мачиме!

Барселона синоќа загуби со 2-1 од Атлетик Билбао во првиот натпревар од осминафиналето на шпанскиот Куп.

Иако мечот го дочекаа со двајца играчи повеќе во поле, Каталонците не успеаја да го избегнат поразот. За сето тоа го обвинуваат судијата Фернандез Борбалан.

Стоперот на Барса, Жерард Пике смета дека главниот делител на правдата пропушти да досуди два пенали за неговиот тим.

„Не ни беа досудени два чисти пенали, на Нејмар и на мене. Но, сите знаеме како тоа оди. Видовме што се случуваше на мечот меѓу Реал и Севилја, а не е ова ниту прв ниту последен пат. Сакаме да играме фудбал, а не рулет“ – вели Пике.

Играчите на Барселона тврдат дека „Реал Мадрид веќе го освоил трофејот“… Но, и покрај се, Пике смета дека резултатот не е лош, а реваншот и тоа како би можел да биде интересен, ако им се дозволи да играат.

Се вчитува...