Катастрофален пораз на жените од Италија (0-9) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Катастрофален пораз на жените од Италија (0-9)

Нашата женска репрезентација доживеа вистински дебакл на стартот од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2013. Македонските девојки на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп во рамките на натпреварите од Групата 1 загубија од Италија со убедливи 9-0.

 

Италијанките не оставајќи не да дишеме уште во првите секунди од средбата покажаа кој е кој во женскиот фудбал, па до водство дојдоа преку голот на Конти веќе во 1. минута од натпреварот.

 

До крајот на првото полувреме веќе имаа водство од убедливи 6-0, а во вториот дел само ни дополнија уште три погодоци за срамна „деветка“. Италијанките се фаворит број еден во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2013, во која се уште и селекциите на Русија, Грција, Полска и БиХ.

 

Веќе на 26 октомври, повторно во Прилеп, Македонија го игра следниот натпревар против Грција. Ние и Гркинките сме единствените кои досега имаат по само еден натпревар во групата 1. 

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2013 – ЖЕНИ

Македонија – Италија 0-9 (0-6)

Стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Гледачи: 100. Судија: Кнарик Григорјан (Ерменија). Стрелци: Конти 1 мин., 11 мин., Сабатино 31 мин., 34 мин., 79 мин., Паризи 36 мин., Кампорезе 18 мин., 72 мин., Габиадини 52 мин. (Италија).

Македонија: Чакмакоска (37’ Костоска), Андонова, Милевска, Митревска, Рочи, Петрова (46’ Наумоска), Брахими, Н. Андонова, Салихи, Георгиева, Стојанова (46’ Смилковска)

Италија: Маркители, Гама, Д’Ада (46’ Родела), Тутино (71’ Доминкети), Тона, Неболи, Габиадини, Конти (54’ Бони), Паризи, Сабатино, Кампорезе

 

ГРУПА 1 – ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ  

Македонија – Италија 0-9

Русија – БиХ 4-1

Полска – Грција 2-0

 

ТАБЕЛА: Италија 6 бода, Русија 6, Полска 3, БиХ 0, Грција (-1) 0, Македонија (-1) 0 бода. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.