Ќатип Османи: Имаме активен резултат, и покрај сите неволји

Шкендија со пораз од 2-1 се враќа од Литванија, каде го одигра првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на Европа против Тракаи. Тетовскиот тим имаше многу маки на овој меч, од голот примен во првата минута, па се до играта до двајца фудбалери помалку во последните 30 минути од дуелот. Токму затоа, тренерот Ќатип Османи вели дека Шкендија има активен резултат за реваншот во Струмица.

trakai - skendija 9

„Загубивме со 2-1, но, сепак, имаме активен резултат пред реваншот во Струмица. Ќе се обидеме да ја анулираме оваа негатива и да се пласираме во следната рунда од европското натпреварување. Тоа и понатаму останува нашата цел. Ако се погледне мечот, имавме навистина многу неволји. Примивме гол уште на стартот, а потоа откако се вративме со голот на Жуниор, следеа две исклучувања во вториот дел. Бевме активни и напаѓавме се додека не станавме бројно инфериорни на теренот“, анализира тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Реваншот меѓу Шкендија и Тракаи ќе се одигра в четврток, на 3.август, на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток во 17 часот.

Се вчитува...