Горјан Марковски сака титула и со Фени Индустри - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
18/10/2017 18:32
Фудбал
18/10/2017 17:40
Фудбал
18/10/2017 16:37
Фудбал
18/10/2017 16:29

Горјан Марковски сака титула и со Фени Индустри

Горјан Марковски сака титула и со Фени Индустри

Второ место во групата Б од Балканската БИБЛ лига и делба за првото место во домашното кошаркарско првенство. Екипата на Фени индустри оваа сезона деоминира

Фени индустри оваа сезона доминира на кошаркарските терени во Макеодни и во Балканскиот регион. Со второто место во групата Б од БИБЛ лигата како и делба за првото место во домашното првенство покажува дека клубот од Кавадарци полека, но сигурно го трасира патот кон успехот и не е подготвен да се задоволи само со прикажани добир игри туку и ќе атакува на неколку трофеи како на домашната така и на меѓународната сцена.

„Фени оваа година има тим составен од 9 домашни играчи и тројца странци, каде што пред сè Македонците се млади играчи кои сежелни за докажување на кошаркарската сцена кои со помош на искусните играчи (Петровски, Николовски, Чешковиќ) сакаат да се искачат на повисоко ниво во кошарката. Овој таканаречен тренд што го има Фени, да се форсираат македонски играчи низ изминативе години покажува дека носи резултат. Играчите заедно со стручниот штаб предводен од Малинков каде што му помагаат Самарџиев, Манев и кондицискиот тренер Андоновски имаме одлична комуникација и соработка. Можам слободно да кажам дека владее одлична атмосфера, но не застануваме тука и не се задоволуваме со ова што досега го направивме. Атакуваме на уште подобри резултати, како во македонската лига, така и во Балканската“ – вели Горјан Марковски кој кон крајот на летото одлучи да ги замени клупските бои.

gorjan markovski feni vardar

Споредено со МЗТ Скопје, каде не добиваше шанса колкава му е потребна на еден репрезентативец, во Фени индустри довербата на стручниот штаб во Марковски е поголема.

„Што се однесува до мене и мојата улога, пред сè сум задоволен за укажаната шанса од стручниот штаб, за довербата која ми ја даваат. Мислам дека можам уште многу да му дадам на овој Фени и да ја оправдам довербата. Фени располага со, да речеме, среден буџет во споредба со екипите од македонската и Балканската лига“ – дополнува Марковски.

Фени индустри досега има освоено три титули во домашното првенство, две Куп-титули и една во Балканската БИБЛ лига. Марковски посакува кавадарчани да се радуваат на уште една, минимум, титула во идната календарска година.

„Моја желба е Фени оваа година да изненади и да го освои Купот на Македонија, влез во Ф4 турнирот на Балканската лига каде што потоа нијанси одлучуваат кој ќе ја освои БИБЛ лигата и, зошто да не, четврта македонска титула. Само здравје да нè служи сите кошаркари, а ние ќе го дадеме својот максимум за што повисоки резултати. Им посакувам среќни празници на сите читатели на ЕКИПА, многу здравје, среќа, љубов и успех на секое поле во новата 2017 година“ – заврши Марковски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.