Кавани: Би можеле да бидеме трио кое ќе ја одбележи фудбалската историја!

Единсон Кавани не штеди зборови за пофалба на своите нови соиграчи Нејмар и Килијан Мбапе кои за околу 400 милиони евра пристигнаа во клубот од Барса односно Монако.

Бразилецот одигра четири натпревари, постигнувајќи и четири гола со четири асистенции, додека Мбапе на своето деби веднаш погоди и запиша асистенција.

„Одигравме одличен меч против Мец, за заслужена победа. Мбапе и Нејмар се навистина големи фудбалери. Се разбираме едни со други, а сигурен сум дека од натпревар на натпревар ќе бидеме се подобри. Би можеле да бидеме страшен тим. Мислам дека ќе бидеме трио кое може да ја одбележи фудбалската историја“ – вели Кавани кој засега е прв стрелец во Лига 1, со седум гол од пет натпревари.

Се вчитува...