Кавани: Сакам да останам во ПСЖ до крајот на кариерата

ПСЖ ги доведе Нејмар и Мбапе, но Единсон Кавани останува најдобар стрелец на францускиот гигант. Уругвајскиот ас во минатото беше поврзуван со преселба во Премиер-лигата, се споменуваше и Реал Мадрид, но тој ги одбиваше понудите потврдувајќи ја лојалноста кон својот сегашен клуб. Како што стојат работите, истото ќе биде случај и наредното лето.

Јас имам две желби околу кариерата, најпрвин да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ, а потоа и да останам во овој клуб се до моето збогување со фудбалот. Во оваа екипа многу созреав и добив на квалитет како играч, играме офанзивен фудбал што е идеален за напаѓач како мене и навистина не гледам никаква причина да си заминам“ – изјави 30-годишниот Кавани.

Уругваецот на почетокот од сезоната имаше конфликт со Нејмар, но сега откако страстите се смирија големи се шансите желбата да му се исполни и тој уште долго да остане на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...