Казна за 46 фудбалери – „шишање“ или суспензија

Дисциплинската комисија на на Фудбалската федерација во Обединетите Арапски Емирати казни дури 46 фудбалери заради – недолични фризури!

Играчите засега добија само условни казни и рок до кој мораат да ги сменат фризурите. А, на  секој што нема да ја испочитува одлуката на Федерацијата, му следува парична казна и суспензија.

asamoah-gyan

Меѓу играчите кои мора да се потстрижат е и еден од анјголемите ѕвезди во лигата, репрезентативецот на Гана и член на Ал Ахли, Ашамоа Гиан, но и репрезентативецот на ОАЕ и најдобар азиски фудбалер за 2016 година, Омар Абдулрахман.

omar_abdulrahman

Фудбалските судии во оваа земја имаат право да им забранат настап на играчите доколку нивната фризура е непримерна. Слични правила постојат и во соседнаат Саудиска Арабија. Така, пред неколку сезони и саудискиот голман Валид Абдулах, беше испратен на задоплжително „шишање“.

Се вчитува...