Ќе биде тешко: Со Германија и Словенија на ЕП 2018

Македонската репрезентација ќе се сретне со Германија, Словенија и со Црна Гора во првата фаза од претстојното Европско Првенство што во јануари 2018 година ќе се одржи во Хрватска. Среќата не им беше премногу наклонета на нашите ракометари, кои за место во следната фаза во Загреб ќе се борат со актуелниот европски Германија, како и со силната Словенија од која претрпеа убедлив пораз на последниот мундијал.

Според реномето, најслаба селекција во нашата група би требало да биде Црна Гора, иако е јасно дека и оваа репрезентација поседува квалитет и е способна да изненади секого, предводена од „вардарецот“ Вуко Борозан.

Пласман во следната фаза обезбедуваат трите најдобри селекции од секоја група, а Македонија потоа вкрстува со најдобрите од групата Д, каде ќе се најдат Шпанија, Шведска, Чешка и Унгарија.

Лино Червар нема многу причини за задоволство откако домаќинот Хрватска за противник во првата фаза го доби силниот состав на Шведска, заедно со Србија и Исланд, а уште поголем предизвик „коцкестите“ ги очекува во втората рунда, кога играат против најдобрите од групата Б, во која се најдоа финалистите од последниот мундијал, Франција и Норвешка, како и селекциите на Белорусија и на Австрија.

ГРУПА А (Сплит): Хрватска, Шведска, Србија, Исланд.

ГРУПА Б (Пореч): Франција, Белорусија , Норвешка, Австрија.

ГРУПА Ц (Загреб):  Германија, Македонија, Црна Гора, Словенија.

ГРУПА Д (Вараждин):  Шпанија, Шведска, Чешка, Унгарија.

Се вчитува...