Ќе игра ли Ибрахимовиќ на СП во Русија?!

Шведска направи извонреден резултат со елиминацијата на Италија и пласманот на СП 2018 во Русија, расплет со кој скандинавската селекција би можела на претстојниот мундијал да се засили со својот најдобар фудбалер – Златан Ибрахимовиќ. Популарниот Ибракадабра се пензионираше од националниот тим по завршувањето на ЕВРО 2016, но во пресрет на баражот со Италија тој најави дека доколку Шведска се пласира, ќе размисли за евентуален камбек.

Да играш на СП секогаш е предизвик. Секако дека е интересна опција за мене, но да видиме најпрвин што ќе се случи во баражот“ – изјави Златан за медиумите во татковината.

Сега кога Шведска е дел од мундијалот, Ибрахимовиќ сигурно сериозно ќе размисли на оваа тема. Тој не настапи на последниот мундијал во Бразил откако во баражот беше елиминиран од Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

Колку и да е најфер оние играчи кои го изборија пласманот на СП да бидат дел од овој шампионат, јасно е дека Ибрахимовиќ е премногу посебен, но и исклучително квалитетен, за да се одбие неговата помош на дуелите со најдобрите светски селекции.

Се вчитува...