Ќе се повтори ли историјата... Инсиње ќе чекори по стапките на Игуаин? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

Ќе се повтори ли историјата… Инсиње ќе чекори по стапките на Игуаин?

Ќе се повтори ли историјата… Инсиње ќе чекори по стапките на Игуаин?

Лоренцо Инсиње е еден од најдобите играчи на Наполи сезонава, што не остана незабележано од европските гиганти, особено не кај Јувентус, кој покажа најголем интерес за италијанскиот репрезентативец.

Наполи и оваа година е далеку од Скудетото. Вложувањата на Јувентус е една од причините што во последниве пет го прават тимот недостижен за другите конкуренти, кој на крајот се само конкуренти за местата кои водат во Европа, а не за титула. Оваа судбина од година во година оди само на штета на тимовите како Рома, Наполи, Лацио и други прволигаши кои ги губат своите најдобри играчи поради понудите кои не се одбиваат од „старата дама“. Недостаток на трофеи се друга причина зошто фудбалерите потпишуваат за Јувентус, или пак некој друг европски тим.

Наполи може да доживее реприза од сагата „Игуаин“, откако Јувентус покажа интерес за Инсиње, играч кој потекнува од академијата на наполитанскиот клуб.

„Сезонава играм добро, се надевам дека така ќе продолжам за да добијам повик за репрезентација. Наполи има одличен тим, мислам дека бевме еднакви на дуелот со Реал Мадрид и можеме уште повеќе да напредуваме. Но, за да имате тим кој ќе освојува трофеи не само што треба да имате врвни играчи, туку и квалитетна управа.“ - изјави Инсиње со индиректна критика кон Де Лаурентис.

25-годишниот крилен напаѓач веќе долго време преговара со клубот за нов договор, но сето тоа може да пропадне во вода доколку успее некој од ривалите на Наполи да го убеди Инсиње да замине од „Сан Паоло“. Наводно Милан, Атлетико и Рома се тимовите покрај Јувентус заинтересирани за неговиот потпис.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.