Ќе заврши ли постот: Меси седум меча не му дал гол на Атлетико Мадрид - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Ќе заврши ли постот: Меси седум меча не му дал гол на Атлетико Мадрид

Ако сакаш да имаш шанси за успех против Барселона, мораш да најдеш начин да го запреш Лионел Меси. Ова е лекцијата што многу добро ја научи тимот на Атлетико Мадрид, кој од септември 2010 до декември 2012 година прими десет гола од Аргентинецот, но оттогаш извонредно го запира најдобриот фудбалер на денешницата. Аргентинскиот генијалец ги решета мрежите на сите ривали во последните две години, освен на „јорганџиите“ од Мадрид, кои успеаја да ги запрат неговите налети на последните седум меѓусебни дуели.

Каталонците и без негова помош славеа со 1-2 на гостувањето во последното коло од сезоната 2012/2013 (1-2, еден гол на Алексис и еден автогол), но оттогаш Барса не знае за триумф над незгодниот ривал од Мадрид. По петте реми во низа, Атлетико го доби последниот дуел со каталонците, оној реванш меч од ланското издание од Лигата на шампионите, со што „јорганџиите“ ја елиминираа Барселона од елитното европско натпреварување. И на тој меч Меси беше „невидлив“ како и на многу претходни, па прашање е дали Аргентинецот ќе се разбуди токму на вечерашното дерби, за да не дозволи Реал дополнително да ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Интересен е податокот дека Меси во својата кариера постигнал дури 20 погодоци против Атлетико (повеќе има дадено единствено на Реал Мадрид и на Севилја, по 21), но тој податок пажа во заборав на „црната серија“ што трае повеќе од две години.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.