Кеита Балде го напушти кампот на Лацио, се сели во Интер

Напаѓачот на Лацио, Кеита Балде, се наоѓа пред трансфер во редовите на Интер. Тој го напушти кампот на „лацијалите“, и се упати во Милано, на завршни преговори околу негов трансфер на „Џузепе Меаца“, тврдат италијанските медиуми.

Интер за напаѓачот на Лацио е подготвен да плати сума од 20 милиони евра. Ова истовремено значи дека и Хрватот Иван Перишиќ е многу блиску до трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Кога Интер ќе го обезбеди потписот на Кеита Балде, може да се очекува дека тренерот Лучијано Спалети ќе дозволи да се реализира заминувањето на Перишиќ на „Олд трафорд“.

Се вчитува...