Кејн: Јуве има фантастична одбрана, но ние даваме многу голови

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е свесен за предизвикот кој го очекува против Јувентус и нивната цврста одбрана, но се надева дека ќе биде доследен на предизвикот и ќе обезбеди позитивен исход за „петлите“  пресрет на првиот дуел од осминафиналниот двомеч против италијанскиот првак Јувентус.

„Сите знаеме колку е всушност добра одбраната на Јувентус, и секако нивниот голман, Џиџи Буфон. Тие се голем клуб и знам дека двата дуели ќе бидат доста компетитивни. Јуве знае како да ја сочува мрежата, но ние сме тим кој постигнува многу голови. Ќе биде тоа вистински тест за нас. Се надевам на позитивен резултат, за да имаме полесна работа во реваншот на „Вембли““, истакна најдобриот голгетер за 2017 година.

 

Се вчитува...