Кендрик Пери е МВП на колото во АБА-лигата

Кендрик Пери цела сезона е еден од лидерите на тимот на Карпош соколи, а американскиот плејмејкер игра се подобро како што се ближи финишот од сезоната во АБА-лигата. Доказ за тоа е неговиот фантастичен настап против Задар, меч на кој Американецот му ја донесе победата на својот тим со вкупно 26 поени, надополнети со 6 асистенции, 4 скока и една украдена топка.

Тој собра вкупно 30 индексни поени за 35 минути игра, со што сосема заслужено се здоби со признанието МВП на колото во регионалното натпреварување, прва ваква награда за Пери во неговата кариера.

[youtube id=”Ay2e50FJ1KQ” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...