Керик потврди – Ќе се пензионира по крајот на оваа сезона

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, потврди дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на својата кариера. По незионирањето се очекува Керик да се приклучи во стручниот штаб на Жозе Мурињо.

36-годишниот фудбалер минатата сезона се соочуваше со здравствени проблеми со срцето, по што извесно време мораше да паузира. Потоа се врати на терените и добива минимална шанса од португалскиот стратег, во моменти кога Керик може да помогне. Сепак, по 19 години активно играње, ветеранот одлучи да ги закачи на клинец копачките за последен пат.

„Колку и да не сакате да дојде тој ден, некогаш ќе мора да се соочите со тоа. Време ми е да престанам да играм фудбал и да се посветам на други работи. Поради здравствените проблеми неколку пати се запрашав дали уште вреди да играм, но веќе знам дека е доста“, истакна Керик.

Мајкл Керик e член на Манчестер јунајтед од 2006 година, кога за 27 милиони евра пристигна од редовите на Тотенхем. За „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 463 натпревари на кои постигна 23 погодоци и 36 асистенции, додека 34 напти го носеше дресот на англиската репрезентација.

 

Се вчитува...