Кевин Дурант донира 10 милиони долари за едукација на деца со посебни потреби

Кевин Дурант уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело, помагајќи им на оние на кои помош им е најнеопходна. Имено, асот на Голден стејт вориорс инвестираше десет милиони долари во програма со училишта во неговиот роден град, се со цел да им се овозможи на деца со посебни потреби да посетуваат колеџ.

„Станува збор за програма во времетраење од десет години, дизајнирата да ги води и поддржува студентите низ нивната едукација. Оваа програма ќе стартува од годинава“ – објавија американските медиуми.

„Сакам овие деца да го видат светот, да видат дека постојат работи надвор од светот што го познаваат, работи во кои можат да уживаат. Не можам сега да кажам со која брзина ќе се развива програмата, но моја желба е да им помогнам на оние на кои помошта им е најнеопходна. Се надевам на добри резултати“ – истакна Дурант.

Се вчитува...