Кевин Дурант донира 3 милиони долари за универзитетска сала

Ѕвездата на НБА шампионот, Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант, донираше 3 милиони долари на Универзитетот Тексас. Средствата се наменети за изградба на кошаркарска сала за машкиот тим на Универзитетот. Во негова чест, спортскиот комплекс ќе се вика „Кошаркарски центар Кевин Дурант“.

Кошаркарот на Голден Стејт помина една сезона во универзитетскиот тим на Тексас во која имаа скор од 25-10 и стигнаа до првата рунда од НЦАА плеј-офот. Дурант  беше првиот кошаркар во историјата на НЦЦА кој е прогласен за национален играч на годината во својата прва колеџ сезона.

На 19-годишна возраст Кевин Дурант замина во НБА лигата како втор пик на драфтот во 2007 година кога беше избран од тогашниот тим Сиетл Суперсоникс.

Се вчитува...