Кил го има најдобриот, а Вардар најтешкиот голмански тандем во ЛШ

„Може да ги имате најдобрите играчи во светот, но ако човекот меѓу стативите не е на висина на задачата, тогаш е многу тешко да се победи во елитно натпреварување какво што е Лигата на шампионите“. Со оваа забелешка на официјалниот сајт на ЕХФ се издвоени десетте најдобри голмански двојки во екипите што ќе се натпреваруваат во претстојната сезона во ЛШ.

Во изборот на ЕХФ, најсилната голманска двојка ја има Кил на чиј гол се данскиот репрезентативец Никлас Ландин и германскиот репрезентативец Андреас Волф. Иако летово актуелни беа шпекулациите за рекорден трансфер на Волф во Веспрем, а потоа и во Кјелце, засега Германецот останува во Кил и заедно со Ландин го сочинува најсилниот голмански тандем во ЛШ.

borko gonzalo barsa

На второто место во изборот на ЕХФ е голманскиот тандем на голот на ПСЖ – искусниот Тиери Омејер кој ќе ја одигра последната сезона во ЛШ и новодојдениот Родриго Коралес.

Шпанско-македонската комбинација на голот на Барселона со Гонзало Перез де Варгас и со Борко Ристовски „кој може да помогне секогаш кога треба“, ја комплетира водечката тројка на најдобрите голмани во ЛШ.

sterbik brani

Арпад Штербик и Страхиња Милиќ ќе го бранат голот на актуелниот шампион Вардар како петторангирана голманска двојка. Голманите на Вардар дефинитивно се и најтежок голмански двоец во елитното натпреварување , заедно тежат цели 254 килограми.

Топ 10 голмански двојки во ЛШ:

  1. Ландин /Волф (Кил)
  2. Омејер /Коралес (ПСЖ)
  3. Перез де Варгас /Ристовски (Барселона)
  4. Миклер /Алиловиќ  (Веспрем)
  5. Штербик/Милиќ (Вардар)
  6. Апелгрен/Паличка (Рајн Некар Левен)
  7. Андерсон/Мелер (Фленсбург)
  8. Ивиќ/Шмал (Кјелце)
  9. Жерар/Портнер (Монпелје)
  10. Сиера/Шего  (Пик Сегед)

Се вчитува...