Килијан Мбапе е „златното момче“ за 2017

Килијан Мбапе е „златното момче“ на светскиот фудбал за 2017 година, наградата што традиционално ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“ на најдобриот млад фудбалер.

Во гласањето за ова признание учествуваа фудбалски новинари од речиси сите европски земји, а Мбапе дојде до признанието со неверојатен рекорд. Имено, младиот Французин доби вкупно 291 од можните 300 гласа, како награда за фантастичната година во која од резерва во Монако се вивна до самиот врв на европскиот фудбал. Следеше и трансфер во ПСЖ, каде младиот офанзивец продолжува со одлични настапи и е значаен адут на тренерот Унаи Емери.

Покрај Мбапе, гласови од новинарите добија уште Усман Дембеле од Баарселона и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...