Килијан Мбапе „кршел кичми“ и на 10 години (ВИДЕО)

Светската фудбалска јавност очекува Килијан Мбапе да го оствари најголемиот трансфер во историјата ова лето, и нормално е што медиумите најмалку еднаш дневно за него објавуваат нова сторија. Најпосакуваниот француски талент освен што воодушеви со неговите партии во дресот на Монако, со исто темпо продолжува и за сениорскиот тим на Франција. Европските гиганти за него водат „војна“, но скромниот Мбапе вели дека се фокусира на Монако и на репрезентацијата. Фановите на „кнезовите“ се надеваат дека ќе уживаат гледајќи го во својот тим и наредната сезона, но во редот стојат Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал…

Интересен е податокот дека Мбапе својот талент го покажувал од најрана возраст. Како дел од проектот „Млади таленти на францускиот фудбал“, можеме да го видиме Мбапе како ги ’измачувал’ противниците и на негови 10 години…

https://www.youtube.com/watch?v=bTSik7Og0Oo 

Се вчитува...