Кими Раиконен најбрз, Ферари најавува доминација во новата Ф1 сезона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Меѓ. Фудбал
26/09/2017 22:41
Кошарка
26/09/2017 21:01
Ракомет
26/09/2017 17:49
Фудбал
26/09/2017 12:18

Кими Раиконен најбрз, Ферари најавува доминација во новата Ф1 сезона

Кими Раиконен најбрз, Ферари најавува доминација во новата Ф1 сезона

Возачот на Ферари, Кими Раиконен постигна најдобар резултат на претсезонските тестови на патеката „Каталуња“ во Барселона и најави дека Ферари ќе атакува на победа на првата трка од новата сезона во Формула 1 што ќе се вози на 26 март во Мелбурн. Финецот беше најбрз возач во двете тест сесии во Барселона со време од 1:18.634 минути, постигнато со супермеката компонента на пневматиците на „Пирели“. Раиконен извозе 111 круга на патеката.

Второ најдобро време постигна Макс Ферстапен, исто така со супермеките гуми, но, на попладневните тестови од вчерашниот последен ден, тој имаше проблеми во турбокомпресорот во болидот на Ред Бул и остана со 71 круг.

Трет резултат имаше Карлос Саинц од Торо Росо, Валтери Ботас од Мерцедес остана на четвртатат позиција со 53 круга,  а на петото место заврши неговиот клупски колега, Луис Хамилтон кој не успеа да го подобри времето на Ботас. Хамилтон возеше на ултрасофт компонента и извозе 54 круга.

За разлика од првата сесија, Фернандо Алонсо со Мекларен имаше малку повеќе среќа во вторите претсезонски тестови. Шпанецот направи 43 круга, но не успеа да постигне конкурентно време и заврши на11 позиција со речиси за три секунди послабо време од Раиконен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.