Кинеска мега-понуда за Кевин Гамеиро

Трендот на преселба на квалитетни европски фудбалери во далечната Кина би требало да продолжи и во текот на летото, а еден од оние кои во моментов делуваат најблизу до трансфер е Кевин Гамеиро. Фудбалерот на Атлетико Мадрид добил понуда од кинески клуб, чие име засега се чува во тајност, за плата од 20 милиони евра по сезона, сума што е повеќе од тројно повисока од моментната заработувачка на францускиот интернационалец во Мадрид.

Свесен дека ваква понуда нема да добие од друг европски клуб, Гамеиро многу сериозно ја разгледува опцијата за заминување од Мадрид, уште повеќе ако се знае дека тој не успеа целосно да се наметне кај тренерот Симеоне и голем дел од натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви.

Од оваа причина и самиот Симеоне е подготвен да даде зелено светло за трансфер, доколку успее да врати поголем дел од 40-те милиони евра што минатото лето ги пласти на Севилја за овој фудбалер. Потоа Атлетико Мадрид тие пари би ги искористил за доведување на Александар Лаказет, кој се наоѓа на врвот на листата со желби на Симеоне за овој преоден рок.

Се вчитува...