Кире Лазаров - најдобар европски ракометар за декември - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
24/08/2017 12:05
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12

Кире Лазаров – најдобар европски ракометар за декември

Кире Лазаров – најдобар европски ракометар за декември

Кире Лазаров е најдобар европски ракометар за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница. Европската куќа на ракометот од неодамна избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, а овојпат признанието завршува во рацете на македонскиот десен бек. Лазаров доаѓа до наградата благодарение на извонредното издание на дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите, во кое Македонецот со девет гола му ја донесе победата на каталонскиот гигант.

За мене е голема чест што сум избран за најдобар ракометар во декември, уште повеќе бидејќи ова ми е прва ваква награда. Поради големите ѕвезди кои играат ширум Европа јасно е дека конкуренцијата за оваа награда е голема, што ме прави уште позадоволен. Им благодарам на сите оние кои гласаа за мене“ – изјави Лазаров.

Зад капитенот на македонската репрезентација се најде голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Кјелце и Алекс Душебајев од Вардар.

Наградата за најдобра европска ракометарка за декември сосема очекувано замина во рацете на Нике Грот, холандската репрезентативка која беше избрана за МВП на Европското првенство што минатиот месец се одржа во Шведска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.