Кире Лазаров: Одигравме екстра!

Македонија го совлада Исланд со 30-25 и си ги зголеми шансите за пласман на завршницата. Квалификациите се долги, но дебито на новиот селектор Раул Гонзалес навистина внесе позитивни промени во играта на нашиот национален тим. Го потврдува тоа и нашиот „бомбардер“, Кире Лазаров, кој и вечерва беше нерешлива енигма за противникот.

„Одигравме навистина еден екстра натпревар. Многу одамна сум во националниот тим и не се сеќавам кога вака сме одиграле речиси цел меч, некои 50 минути во врвно темпо. Ја посветувам победата на цела Македонија, и сега ќе се обидеме во ист стил да одиграме и во Исланд. Овој меч го добивме тимски, сите сме подеднакво заслужни, но морам да ги потенцирам младите Талевски, Кузмановски, Нелоски…Беа критикувани за нивните игри во изминатиот период од јавноста, и ете, критиките делувале навистина позитивно“, изјави капитенот Кире Лазаров.

Се вчитува...