Кире Лазаров стана „Мистер 1.000“ на роденденот на својата ќерка

mec baner

Првиот гол на Кире Лазаров на дуелот со Словенија воедно е и фантастичен јубилеј, илјадити погодок на нашиот капитен во репрезентативниот дрес. Лазаров според официјалните бројки пред почетокот на овој мундијал имаше 977 погодоци за Македонија, во првите две средби постигна 22, па денешниот прв гол беше оној јубилејниот што ќе остане запишан во историјата на нашата репрезентација.

За денот да биде уште попосебен за капитенот, тој до јубилејот стига на роденденот на неговата ќерка Лана.

[youtube id=”2AfmpEI7lkI” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...