Кире Лазаров во Топ 7 во Европа во изборот на играчите

Кире Лазаров доби уште едно признание за изминатава сезона, овој пат од неговите колеги професионални ракометари. Македонскиот ас во дресот на Барселона е избран за најдобар десен бек во идеал тим за сезоната 2016/2017, во изборот на Европската унија на професионални ракометари (ЕХПУ).

Покрај Кире Лазаров во овој идеален состав избран од играчите, се уште и тројца ракометари на францускиот ПСЖ – Уве Генсхамејмер е најдобро лево крило, Микел Хансен најдобар лев бек, а Никола Карабатиќ прв плејмејкер во изминатава сезона во Европа. За најдобро десно крило е избран данскиот репрезентативец во дресот на Фленсбург, Ласе Сван Хансен, најдобар пикер е Шпанецот Хулен Агинагалде од Кјелце, а прв голман во иделаниот тим е Никлас Ландин од Кил.

ЕПХУ која е сосатвена од седум национални унии од Данска, Франција, Германија, Исланд, Норвешка, Шпанија и од Шведска, годинава за прв пат избира идеален тим на сезоната. Наградите на Лазаров и на останатите играчи од идеалната седморка в недела на 4 јуни, на завршниот ден од Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн

Се вчитува...