Кире Ристевски е трагичарот за Вашаш: Промаши пенал, загуби титула во Купот!

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски е трагичарот на Вашаш во финалето од Купот на Унгарија.

Ристевски е единствениот од составот на Вашаш кој не го реализираше ударот од белата точка во пенал серијата од финалето, па Ференцварош славеше со 4-5 за титула во најмасовното клупско натпреварување на Унгарија.

Претходно, натпреварот по регуларниот дел и по продолженијата заврши без победник 1-1. Па, рулетот од белата точка го одлучи победникот. Сепак, Вашаш ова лето ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа откако во првенството заврши на третата позиција.

Се вчитува...