Кирјос си има мака: Ме „шутна“ девојката, затоа играм лошо

Проблематичниот тенисер, Ник Кирјос „случајно“ ја откри причината за слабите резултатите што ги бележи во последно време. Пред неколку дена Австралиецот го предаде третиот меч по ред поради проблеми во лакотот, а публиката на турнирот во Вашингтон го испрати со свирежи.

Но, Кирјос сега со засилено темпо се подготвува за настап на Роџерс купот. На еден од тренинзите, непредвидливиот Австралиец израдува три деца на кои им го даде рекети и одигра со нив неколку удари. А, на прашањето од љубопитните млади посетители зошто има лоши резултати во последно време, Кирјос им одговори:

„Бев одличен, ама ме „шутна“ девојката, па сега не можам да играм“ – се пошегува Кирјос со навивачите.

Австралискиот тенисер неодамна навистина раскина со својата девојка, хрватската тенисерка, Алја Томљановиќ. Таа го напушти откако папараците во Лондон го „фатија“ Кирјос како се забавува во друштво со две млади тенисерки.

Се вчитува...