КК Металург: Наградата „8 Септември“ за Белистојаноски е измама на спортската јавност во режија на КФМ! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

КК Металург: Наградата „8 Септември“ за Белистојаноски е измама на спортската јавност во режија на КФМ!

КК Металург: Наградата „8 Септември“ за Белистојаноски е измама на спортската јавност во режија на КФМ!

По повод празникот на Македонија, „8 Септември“, како што е познато, во Собранието на РМ беа доделени признанијата и наградите за македонски спортски работници кои ги добија Петар Белистојаноски (карате), Ристо Магдинчев (ракомет), Александар Коцевски – Џајо (пливање) и Ѓокица Николовски (кајак), за остварувања во областа на спортот, како и наградата за животно дело на Иван Кочовски (шах).

Но, изборот на Белистојаноски како добитник на наградата „8 Септември“ наиде на бурни реакција меѓу карате работниците во Македонија. Официјално реагира и Карате клубот „Металург“ од каде преку соопштение истакнуваат дека изборот на Петар Белистојаноски е измама на спортската јавност во режија на ИО на Карате федерацијата на Македонија кои го предложиле добитникот.

Реакцијата од КК Металург до нашата редакција ви ја пренесуваме во целост:

По повод државниот празник 8-ми Септември медиумите во Република Македонија ги објавија имињата на добитниците на наградата од областа на спортот. Меѓу нив како добитник на овогодинешната награда е и Петар Белистојаноски тренер на државната сениорска репрезентација од 2012 до 2017 година во Карате Федерацијата на Македонија(КФМ), во јуни оваа година на негово мето е назначен нов тренер.

Пред се би сакале да кажеме дека карате спортот со своите постигнати резултати во сите конкуренции во изминативе години несомнено заслужува вакво државно признание кое веќе по вторпат се доделува на стручно лице од карате спортот. Прашањето кое го поставуваат добрите познавачи на карате спортот е дали овогодинешната награда е отидена во вистински раце?

За да биде појасно прашањето ќе го објасниме процесот на избор на репрезентативци во КФМ и улогата која што ја има тренерот на државната репрезентација.

Процесот за избор на државната репрезентација е целосно определен со Правилникот за избор, финансирање и наградување на државни репрезентативни селекции на Република Македонија(Правилникот) и на него немаат државните тренери влијание или сликовито објаснето Правилникот е селектор. Единствено на тренерот на државната репрезентација му е дадено правото да избере натпреварувачи за екипно натпреварување во борби со тоа што и тука во Правилникот има точно одредени ограничувања.

На државните првенства и критериумските натпревари тренерот на државната репрезентација како и останатите тренери од клубовите се бори и настојува неговите натпреварувачи да постигнат најдобар резултат односно да обезбедат место во репрезентацијата.

Обврска на тренерот на државната репрезентација е да одржи припремни тренинзи пред званични меѓуародни  европски односно светски карате првенства(се одржуваат најмногу до 20 тренинзи пред секое првенство), и да ги води репрезентативците на самото првенство.

КФМ на крајот од секоја натпреварувачка сезона во месец декември/јануари прави избор на најдобри спортисти и тренери за изминатата година.

Досега Петар Белистојаноски со резултатите кои ги постигнал ниеднаш не е проглаен за најдобар односно најуспешен тренер во КФМ. Ќе дадеме преглед уназад 10 години со кој се потврдува претходно изречената констатација.

Година Најдобар-најуспешен тренер Доделува
2006 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2007 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2008 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2009 Бошко Заборски(кк Макпетрол) КФМ
2010 Бошко Заборски(кк Макпетрол) КФМ
2011 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2012 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2013 Арлинд Хусеини(кк Фати) КФМ
2014 Сашко Арсовски(кк Штип) КФМ
2015 Мирче Јанушевски(кк Металург) КФМ
2016 Сашко Арсовски(кк Штип) КФМ

Наградата 13-ти Ноември за постигнати врвни резултати во спортот која ја доделува Град Скопје за спомнатиот период од 10 години ја добија тренерите на карате клубовите Металург и Макпетрол од КФМ.

Година Награда 13-ти Ноември Доделува
2010 Мирче Јанушевски(кк Металург) Град Скопје
2011 Бошко Заборски(кк Макпетрол) Град Скопје

Државната награда 8-ми Септември за постигнати врвни резултати во спортот која ја доделува Град Скопје за спомнатиот период од 10 години ја доби тренерот на карате клубот Макпетрол.

Година Награда 8-ми Септември Доделува
2012 Бошко Заборски(кк Макпетрол) Република Македонија

ИО на КФМ, и покрај општо познатите горе изнесени факти очигледно целосно одвоен од реалноста во карате спортот, го предлага до Агенцијата за Млади и Спорт за добитник на годинешната државна награда 8-ми Септември тренерот на државната селекција за сениори Петар Белистојаноски.

Со оваа одлука ИО на КФМ целосно ги деградира останатите тренери кои имаат со нивните натпреварувачи постигнато врвни спортски резултати од званични меѓународни првенства и освоено повеќе медаљи како и вицешампионски и шампионски титули во сите категории од кадети до јуниори. За споредба Петар Белистојановски има освоено со негов натпреварувач единствен бронзен медал и тоа во кадетска конкуренција во далечната 2010 година и како што се гледа од табелата никогаш не бил избран за најдобар тренер во КФМ.

Овдека би сакале да укажеме дека како да стана пракса навистина најдобрите натпреварувачи и тренери да бидат прогласувани во КФМ меѓутоа за надвор од КФМ да се предлагаат за државни награди, за конкурирање за спортски оскари за финансиски награди сосема други лица кои немаат никаква врска и заслуга за постигнатите резултати како што е во случајот со Петар Белистојаноски кој со само одржани дваесетина тренинга со сениорските репрезентативци години наназад ги зима финансиските награди од АМС како најзаслужен за постигнатите врвни спортски резултати на званични меѓународни натпревари а сега и државната награда 8-ми Септември во која е вклучена и финансиска награда од 10 просечни плати.

На прашањето како е ова можно најверојатен одговор е дека  најважен критериум за вака незаслужено да бидете наградени на грбот и сметка на другите тренери е блискоста со претседателот. Во прилог на ова би додале дека и изборот за тренер на државна репрезентација за сениори во 2012 година беше фалсификуван од страна на ИО на КФМ во корист на Петар Белистојаноски.

За крај на оваа реакција би додале дека овој предлог и доделување на  наградата 8-ми Септември на Петар Белистојаноски народно речено е измама на спортската јавност во Република Македонија и безмилосно крадење на трудот од тренерите во клубовите а во режија на ИО на КФМ за што некој секако треба да понесе одговорност.

Со портски поздрав!

Карате клуб Металург

Претседател

Дипл.екон. Снежана Сиљановска

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.