КК Вардар со благодарници и медали за Војдан и Дамјан Стојановски

Раководството на КК Вардар денеска им додели благодарници и медали на македонските репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски, како дел од одбележувањето на 70-годишнината на овој македонски кошаркарски колектив. Близнаците Стојановски својата кариера ја почнаа токму во редовите на „црвено-црното“ семејство, кое на овој начин им се заблагодари за нивниот придонес севкупно за македонската кошарка.

Покрај двајцата репрезентативци, признание и медал доби и Ленче Алексовска Величковска, како Декан на Факултетот за Физичка Култура.

medal vojdan medal damjan vardar medal lence aleksova

Се вчитува...