Кливленд потпишува со еден од најдобрите шутери во НБА

Кливленд во следните 24 часа ќе го комплетира ангажманот на еден од најдобрите шутери во НБА-лигата. Станува збор за Кајл Корвер, кошаркарот на Атланта хоукс чија размена со „јастребите“ е веќе договорена и останува уште да се средат неколку ситници за истата да биде официјализирана. Впрочем, Корвер затоа и не отпатува со тимот за гостувањето во Далас, чекајќи зелено светло за да отпатува за Кливленд и да му се приклучи на актуелниот шампион.

Не е лесно да се замине од Атланта, тим за кој ме врзуваат толку многу прекрасни спомени. Во тимот на Атланта хоукс ги минав најубавите моменти во досегашната кариера, но кога ви се укажува шанса да играте за овој шампионски тим на Кливленд, тоа дефинитивно е чекор напред во кариерата“ – изјави Корвер за американските медиуми.

Атланта во замена за одличниот шутер ќе ги добие Мо Вилијамс и Мајк Данливи, како и пик на драфтот во 2019 година.

Се вчитува...