Клоп: Салах игра подобро од тоа што го очекувавме од него

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ги штеди пофалните зборови за египетскиот фудбалер Мохамед Салах, кој ова лето пристигна од Рома за 38 милиони евра. Тој беше стрелец на првиот гол за „црвените“ во денешниот триумф над Лестер (2-3), и веќе се наметнува како еден од лидерите во тимот.

Клоп вели дека не е изненаден што Салах така брзо се адаптираше на играта на Ливерпул, но е восхитен од неговите добри игри…

„Не сум изненаден што така брзо се прилагоди на нас затоа што имаше доволно време на адаптација пред сезоната. Колку го плативме? 38 милиони евра. Никогаш не сум кажал дека тоа е евтино, но кога ќе размислиме тој е навистина добар фудбалер. Затоа и одвоивме толку пари. И, кога сега ќе погледнеме ете игра подобро од тоа што било кој очекуваше. Беше во Челси, но тогаш беше дете, сега има многу повеќе искуство“ – вели Клоп.

Се вчитува...