КМФ Велес е есенски шампион во футсал: Убедлива победа над Хедис за заверување на првото место на табелата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

КМФ Велес е есенски шампион во футсал: Убедлива победа над Хедис за заверување на првото место на табелата

КМФ Велес е есенски шампион во футсал: Убедлива победа над Хедис за заверување на првото место на табелата

КМФ Велес синоќа го совлада Хедис со убедливи 7-1 за стационирање на првото место на табелата во домашното футсал првенство на крајот на оваа календарска година. Велес, кој во новата сезона влезе со високи амбиции, ја потврди одличната форма и на вицешампионот кој не можеше да се носи со играта на расположениот домаќин му одржа лекција по футсал.

КМФ Велес се стационира на првото место на табелата со 31 бод кој се должи на десет победи и едно реми. Во ’врат му дише’ Шкупи кој последните три бода ги освои на гости кај Јувентус Серава (3-4). Актуелниот шампион и најтрофеен футсал клуб во Македонија, КМФ Железарец е на петтото место со пет победи и шест порази, но и натпревар повеќе од Јувентус Серава која е на шестото место. Хедис, вицешампионот во домашното првенство е место подолу, на седмото место со две победи, седум порази и два нерешени натпревари.

Следното коло во домашното футсал првенство ќе се одигра на 21. јануари идната година.

ТАБЕЛА:
1. КМФ Велес 31 бод
2. Шкупи 28 бодови
3. СЕЕУ Тетово 19 б.
4. Цико 16б.
5. КМФ Железарец 15б.
6. Јувентус Серава 13б.
7. Хедис Скопје 8б.
8. Ројал Илирет 6б.
9. Рудник Саса 4б.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.