Кочов: Ставот на Вардар е јасен - странци ни под разно - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 12:10
Ракомет
16/01/2017 13:01
Ракомет
16/01/2017 9:51
Ракомет
15/01/2017 23:03

Кочов: Ставот на Вардар е јасен – странци ни под разно

Кочов: Ставот на Вардар е јасен – странци ни под разно

Амбиции има, но барем засега резулатите не ги исполнуваат желбите на тренерот на Вардарм Ѓорѓи Кочов. Повратникот во кошаркарската елита на Македонија на крајот на полусезоната се наоѓа на дното на табелата без ниту една победа, но тоа воопшто не го демотивира младиот тренер кој вели дека неговиот клуб го чека уште понапорна работа за докажување во вториот дел од регуларниот тек на сезоната.

„Како што кажав и на почеток на сезоната примарна цел на Вардар ке биде создавање и промовирање на домашни млади играчи. Во постоечкиот ростер располагаме со повеќемина играчи на кои резултат се очекувал само во младинските лиги. Квалитетот помеѓу, од една страна втора македонска лига и младинска лига со од друга страна првата лига, е неспоредлив. Во првата лига сите екипи имаат странци кои очигледно прават и разлика на теренот. Во однос на сработеното сум делумно задоволен, успеавме да ги подигнеме играчите на едно повисоко ниво од ланската сезона, меѓутоа во моментов тоа ниво е далеку од доволно за да почнеме да победуваме и да бидеме континуирано рамноправни противници на другите екипи. Во однос на резултатот не може да сме задоволни, имаме 8 порази во исто толку натпревари. Но и покрај 8те порази не можам да кажам дека сум премногу разочаран. Ако се присетиме имавме 4 порази кои буквално ги изгубивме во последните минути. На пример натпреварот со екипата на Фени ја изгубивме во последните секунди, екипа која моментално ја дели првата позција во ова елитно натпреварување“ – вели Кочов.

Покрај млад шеф на стручен штаб, Вардар има и најмлад ростер во оваа сезона кој до крајот ќе се обиде да биде конкурентен противник. Тренерот останува дециден по прашањето за носење на странско име во редовите на клубот.

vardar na kupce

„Од играчите сум задоволен од аспект на залагањето и нивната пожвртвуваност за време на тренинзите и натпреварите, меѓутоа од друга страна сум незадоволен од спроведувањето на тактичките замисли во напад и одбрана. Никако да ја задржиме сконцентрираноста во текот на цел натпревар. Ова не ме изненадува ако го земеме во предвид нивното досегашно играчко искуство и обука. Мислам дека се ќе беше многу поинаку доколку овие млади играчи покрај себе би имале 2-3 поискусни кошаркари за соиграчи, искуството и тактичкото познавање на истите со сигурност ќе им помогнеа за нивен побрз напредок и воигрување. Во моментов не размислуваме за доведување на странски кошаркари, меѓутоа добивме јасна слика за капацитетот и нивото на кое би можеле да играат нашите кошаркари. Со оглед на тие наши проценки ке базираме за тоа кои играчи во иднина ке добиваат поголема шанса. Не ја исклучувам можноста да Вардар во иднина настапува со уште помлад состав. Во овој момент не би одвоил никој како поединец кој се истакнува најмногу иако сметам дека скоро сите од играчите кои добија шанса имаа свои блескави и црни минути, затоа на сите заедно ни претстои уште понапорна работа во иднина. Единствено што би издвоил дека од помладите добиваме играчи кои во наредните 2-3 години би го достигнале овој ранг на квалитет. Во секој случај наптреварувањето во прва лига е големо позитивно искуство како за играчите така и за мене како тренер“ – заклучи Кочов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.