Кочов ’собра’ награда, но остана скромен: Позади секој поединец стои одличен тим!

Вардар е уште еден тим во домашното кошаркарско првенство кој резултатите ги става на второ место, веднаш зад идејата за развој на идни репрезентативци. Клубот кој во оваа сезона повторно настапува во домашната кошаркарска ’елита’ се задоволува со борба за опстанок во прволигашкото друштво додека приоритет останува работата со младите кошаркари кои во иднина би можеле да го носат репрезентативниот дрес.

Ѓорѓи Кочов, кој од оваа сезона го предводи црвено-црниот тим, вчера доби признание за најдобар тренер во младинска екипа додека Вардар доби признание за најдобар тим во машка младинска конкуренција.

Проектот кој го започна во текот на оваа сезона е поздравен од сите клубови во кошаркарското првенство, но Кочов остана скромен и при добивањето на наградата.

„Позади секој добар поединец стои одличен тим. Ништо поразлично не е ниту со мене. За наградата само сакам да му се заблагодарам на раководството на Вардар кое имаше доволно доверба во мене за да ме назначи за тренер во сениорската конкуренција. Верувам дека Вардар во иднина ќе биде клуб од кој ќе излезат голем број на македонски репрезентативци“ – истакна Кочов.

Се вчитува...