Кога ќе се победи Вардар се слави како да се освоила титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Добар дерби натпревар, убава атмосфера на Градскиот стадион во Тетово и заслужена победа на Шкендија над Вардар се основните впечатоци од пресметката меѓу најдобрите два македонски тима на стартот од новата прволигашка сезона.

Шкендија со головите на Алими и Жуниор од второто полувреме сосема заслужено стигна до триумфот. А, колку и фудбалерите и навивачите на тетовскиот тим ја посакувале оваа победа јасно се виде на крајот од натпреварот кога играчите на Шкендија останаа уште десеттина минути да слават заедно со своите фанови. Славје до степен како да освоиле шампионска титула… А, патот до круната и тоа како е долг. Сигурно, уште ни започнат…

[new_royalslider id=”733″]

Се вчитува...