Кога на Хјустон му е тешко, тука е Џејмс Харден

Хјустон забележа уште една значајна победа за што подобро место во плејофот, славејќи на домашен терен над Денвер нагетс со минимални 125-124. Улогата на херој на „ракетите“ повторно му припадна на Џејмс Харден, кој не само што реализираше 39 поени, туку го постигна и кошот за победа откако по дефанзивниот скок под својот кош на неполни седум секунди тргна во напад, завршувајќи ја акцијата со положување за победа на Хјустон.

[youtube id=”K1siErspjBI” width=”640″ height=”380″]

Кога тргнав напред, земав залет и за момент се почувствував како Усеин Болт“ – со насмевка коментираше најдобриот кошаркар на Хјустон.

Кевин Дурант не беше дел од тимот на Голден стејт на гостувањето против неговиот поранешен клуб Оклахома сити, но дуелот на овие две екипи беше исполнет со тензија и груби дуели. Вестбрук, Грин, Кари и уште неколку кошаркари заработија технички грешки во обидот судиите да ги смират нервозите на теренот, на кој гостите неочекувано лесно водеа и со најубедливи 28 поени, за на крајот да триумфираат со 95-111.

Клеј Томпсон беше прв играч кај „воините“ со 34 поени, пред Кари со 23, додека Расел Вестбрук постигна само 15 поени со шут од поле 4/16.

Резултати НБА:

ЛА клиперс – Њујорк 114-105, Индијана – Јута 107-100, Шарлот – Атланта 105-90, Оклахома сити – Голден стејт 95-111, Хјустон – Денвер 125-124, Бостон – Вашингтон 110-102, Орландо – Филаделфија 112-109 (по прод.).

Се вчитува...