Кога не се може ниту со Бешикташ, јасно е дека има проблем (фотогалерија)

Кога на ваков начин среде Скопје ќе се загуби дуел од еден од најслабите тимови во Лигата на шампионите сезонава, јасно е дека Металург е предалеку од посакуваното ниво. „Ремонтот“ на тимот никако не може да биде изговор кога ќе се потфрли тотално, со очаен напад, одбрана како „швајцарско сирење“ и голман што во цело полувреме ниту една единствена одбрана.

Червар на прес-конференцијата изјави дека не сака да посочува виновници во поразите, но денеска не може да се извлече само еден бидејќи потфрли целиот тим на чело со него, со слабата тактичка подготовка за пресметката со турскиот првак во која неговите избраници беа целосно надиграни.

Металург почна без Јагањац, па кога не одеше младиот Хрват влезе и ги размрда работите во нападот. Червар повторно го седна својот сонародник на клупата во нападот во моментите кога се кршеше резултатот, а без единствениот класичен шутер нападот делуваше многу побезопасно по голот на противникот. Не функционираше ниту тактиката „седум на шест“, но доколку Металург до лани домашните средби ги добиваше со цврста одбрана, тоа повеќе не е случај.

Без потценување за Бешикташ, но овој тим со право се вбројува меѓу најслабите во ЛШ сезонава, а поразот на Металург среде Скопје од овој ривал е доволен доказ за ситуацијата во која се наоѓа македонскиот тим.

[new_royalslider id=”783″]

 

Се вчитува...