Кога Реал се мачи, тука е Серхио Љуљ (видео)

Реал Мадрид забележа уште една тешка победа во Евролигата благодарение на Серхио Љуљ, откако шпанскиот репрезентативец ја имаше улогата на херој и на вечерашното гостување против Брозе баскет (89-91). Мечот беше израмнет се до последните моменти, кога Љуљ ја превзеде одговорноста врз себе, тргна на положување и реализираше на помалку од една секунда до крајот, носејќи му ја победата на својот тим.

Тој со 26 поени беше и најефикасен кај Реал Мадрид, постигнувајќи два повеќе од Џејси Керол, додека прв стрелец на германскиот првак беше Козер со 14 поени.

Се вчитува...