Кои се најмоќните селекции во женскиот ракомет?

Пред втората фаза од квалфикациите за ЕП 2018 на официјалниот сајт на првенството објавена е ранг-листа на 28 репрезентации што настапуваат во овој циклус. На ова рангирање, Холандија го презема приматот од Норвешка на врвот, а најголем скок од седмата на третата позиција бележи селекцијата на Шведска.

Македонија, според овој ранкинг е на делба на 19 место заедно со селекциите на Исланд, Белорусија, Словачка, Португалија и Швајцарија и со забелешка дека овие селекции би настапиле на ЕП доколку шампионатот се игра во проширен состав со 24 учесници, но во оваа ситуација со форматот од 16 учесници, тие се далеку од шанса за пласман на завршниот турнир.

Во квалификациите за ЕП 2018, Македонија е во групата 3 заедно со селекциите на Шведска, Србија и на Фарски Острови. Во првите два натпревари, македонските ракометарки претрпеа два порази, од Шведска (38-26) и од Србија (27-33). Во вториот мартовски циклус на Македонија и претстојат двата дуели против Фарски Острови, на 21 март на гостински и на 25 март на домашен терен.

Се вчитува...