Кој дозволува кошарка да се игра во „фрижидери“?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Кој дозволува кошарка да се игра во „фрижидери“?!

Кој дозволува кошарка да се игра во „фрижидери“?!

За квалитетен спорт неопходни се пред се нормални услови за игра. А кога ќе дојде зима во македонската кошарка, тука, чест на исклучоци, нема ништо нормално. Салите не само што не се доволно загреани, туку не се воопшто загреани. Тренерите „смрзнуваат“ крај аут линиите, кошаркарите трчаат повеќе за да се загреат, но ништо не „пали“ кога температурата речиси секаде е под нулата. Правилата се пропишани, се знае дека делегатот го има конечниот збор и има право да одлучи натпреварот воопшто да не почне доколку не постојат елементарни услови – но сепак кај нас се си тече како да е нормално, иако реалната ситуација е сосема спротивна.

Навистина треба да се прашаме кој игра кошарка и за кого се игра кошарката. Играчите не може да настапуваат во ледени сали, ниту пак публиката може да дојде и да ужива во спортски натпревар кога температурата внатре е под нулата. Која е поентата, да се знае дека постои сериозен проблем околу затоплувањето, а сите да го замижуваат тоа. Делегатите треба да реагираат и еднаш да се стави ред, ако нема нормална температура пропишана според правилата, тогаш нека не се игра. Ако се случи тоа на домашен натпревар на Работнички, нека не се игра, еднаш мора да почне да се решава овој проблем“ – истакнува тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Кошаркарите на сите екипи добија краток одмор и по новогодишните празници ќе почнат со тренинзи, голем дел од нив во „фрижидери“ наместо нормални сали, а потоа првенството треба да продолжи на 21 јануари.

Не ја разбирам која е поентата да се игра во јануари кога на сите им е јасно дека не постојат минимални услови за такво нешто. Ако не може да се игра нормално во јануари и февруари и ако тој проблем не може да се реши, зошто тогаш не се најде систем, да играме подоцна, па ако треба да завршиме и до крајот на јуни. Приоритет мора да биде квалитетот на условите, потоа и на самата игра, а не кога ќе заврши првенството, нешто што треба да биде најмалку важно. Зошто сега да продолжиме во јануари и да ризикуваме со повреди на кошаркарите, некој треба да почне иницијатива за одложување“ – потенцира трофејниот стратег.

Пропозициите се јасни, во салата температурата мора да изнесува 12 степени целзиусови.

pravilo za ladni sali

На сите им е јасно дека ова претставува „мисловна именка“ во речиси сите кошаркарски арени ширум Македонија, што само дополнително укажува на главниот проблем – непочитување на правилата пропишани од МКФ од лицата што се наоѓаат директно „под федерацијата“ – делегатите.

Ненад Зивчевиќ, кој долги години настапува за бројни клубови ширум Македонија, а во меѓувреме имаше и ангажмани во странство, не го крие разочарувањето што проблемот постои долго време, а во изминатиот период не е направен ниту еден чекор напред на оваа тема.

Ова е нешто што се случува со години, а никој не прави ништо за да се најде решение за проблемот. Секако дека е фрустрирачки да се излезе премрзнат на терен, не може да се очекува потоа да играте добра кошарка кога не постојат нормални услови. Ова всушност се неуслови, односно најдобар пример каде не треба да се играат натпревари, но целата ситуација за жал во Македонија се претвори во нешто нормални, секоја зима. Време е некој да реагира пред да се зачестат тешки повреди кај нас играчите, опасност што е сосема реална“ – вели Зивчевиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.