Кој друг? Штербик во тимот на колото и со ТОП 5 одбрана од четвртфиналните пресметки… (ВИДЕО)

Најзаслужниот за победата (24-26) на „вардарци“ на гостувањето против Фленсбург во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ, голманот Арпад Штербик е со место во ТОП 5 изборот на ЕХФ за најубави одбрани изминатиов викенд.

Штербик царуваше на голот на Вардар, издвојувајќи и одбрана за четвртото место во изборот на официјалната ТВ на Европската ракометна куќа.

* Изборот на Топ 5 одбрани од четвртфиналето во ЛШ може да го погледнете на следниот ЛИНК

Па, по таа извонредна партија во Германија, Арпад Штербик е и во идеалниот тим за првите четвртфинални дуели од ЛШ.

* Изборот на најдобрите седум според ЕХФ може да го погледнете на следниот ЛИНК

Се вчитува...