Кој го мести Чеде? Му го враќаат Попов кого го избрка од репрезентација!?

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов повторно е во Македонија откако не успеа изминатиов период да реализира за себе посакуван интернационален трансфер. Не успеа Попов да се договори со кипарската Докса каде беше на проба, па сега повторно е пред враќање во Вардар.

Левокрилниот дефанзивец вчера беше и на натпреварот од плеј-оф квалификациското коло за Лигата на Европа против Фенербахче, а денеска веќе се најавува негов кам-бек во црвено-црните редови.

Иако, за многумина крајно изненадувачки би било негово враќање во Вардар ако се знае на неговите нарушени односи со новиот стратег на „вардарци“, Чедомир Јаневски од репрезентативните денови. Како што е познато, во октомври 2012 година Јаневски го избрка Попов од репрезентацијата, заедно со Стевица Ристиќ, поради недисциплина. Потоа меѓу нив се јавија и бројни преписки преку медиумите.

Јавноста никогаш до крај не дозна комплетно за недисциплината на фудбалерите, но се шпекулираше дека одлуката на Чедомир Јаневски следела откако и двајцата се појавиле во раните утрински часови во хотелот „Александар Палас“, откако претходно недозволено ја напуштиле репрезентацијата, а сето тоа пропратено и со недолично однесување во еден од нашите елитни хотели.

За судирот меѓу Јаневски и Попов од 2012 година може да прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...