Која е поентата да си „лузер“ во АБА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје заврши уште една сезона во АБА-лигата, послаба од сите претходни во која само благодарение на убедливата победа во Аеродром над Крка „металците“ не испаднаа од регионалното натпреварување.

За потсетување, МЗТ во сезоната по првата освоена титула дебитираше во АБА-лигата и донесе подобрување на сликата на мак-баскетот во регионот. Тука беа Гечевски и Чековски како лидери, доведен беше и Дамјан Стојановски, па заедно со уште неколку домашни кошаркари темелот секогаш беше македонски. Низ годините сето тоа исчезна, капитен е Марко Симоновски, од домашните играчи тука се и Ѓуроски, Мекиќ, Младеновски… но реално гледано, тоа е „втората петорка“ на македонскиот првак.

Кога веќе се носат странци, барем да се квалитетни. За квалитетите на странците на мак-шампионот доволно говорат резултатите, и бројот на играчи кои продефилираа и добија откази во изминатите месеци. Некој играше за „билдање“ на лична статистика, Скот дури и најави заминување бидејќи сега не му се играло во Македонија, па сега слободно може да се каже дека по долги години МЗТ влегува во Супер-лигата без фаворитска улога за титулата.

Осум победи наспроти 18 порази, која е поентата да си лузер во АБА кога не добиваш ниту искуство на домашните играчи. На МЗТ е да научи од сопствената грешка, па за догодина да создаде далеку подобар ростер. Но, за да учествува во АБА, најпрвин ќе треба да стигне до титулата во домашното првенство, што сигурно нема да биде нималку лесно.

[new_royalslider id=”532″]

Се вчитува...