Којашевиќ: Не си одам од Вардар!

Црногорскиот интернационалец од редовите на Вардар, Дамир Којашевиќ ги демантира информациите лиферувани од дел од босанските медиуми дека во летниот преоден рок ги напушта редовите на македонскиот шампион.

Босанците во текот на денот информации дека Којашевиќ треба да го засили тимот на Сараево каде настапува македонскиот напаѓач Крсте Велкоски. Но, Којашевиќ го демантира сето тоа.

„Не знам од каде им е на медиумите информацијата дека ќе си одам од Вардар. Јас засега не размислувам на заминување од Вардар, и имам важечки договор со клубот. Сега не сум фокусиран на ништо друго, туку само на настапите на тимот во Лигата на шампионите и натпреварот кој следува против Копенхаген. Целосно ги отфрлувам овие шпекулации дека ќе го напуштам Вардар“ – вели Којашевиќ за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...