Нов договор: Коке не мрда од Атлетико до 2024 година

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Коке, ја продолжи соработката со овој клуб за уште седум сезони, потпишувајќи договор со важност до 2024 година, со клаузула од неверојатни 150 милиони евра. Претходниот договор на плејмејкерот важеше до 2019 година, а со новиот развој на настаните Коке ќе го носи црвено-белиот дрес најмалку до својата 32. година.

„Атлетико е тимот од моето детство, чест ми е што го носам овој дрес и сум дел од иднината на клубот“ – рече Коке за официјалната веб-страница на Атлетико.

25-годишниот играч од средниот ред веќе долгa низa години е еден од главните адути на „јорганџиите“. За него во минатото европските гиганти нудеа богатство да го натераат да си замине од „Висенте Калдерон“, но Коке остана верен на Атлетико Мадрид, па сега добива награда за лојалноста.

„Тој е еден од лидерите на тимот, заминување од овој клуб ќе побуди незадоволство меѓу навивачите, па така со овој договор ќе одбегнеме таква ситуација. Коке е производ на нашата академија, знаеме колку вреди, односно дека е непроценлив и незаменлив, знаеме и дека е еден од лидерите во соблекувалната, многу други играчи се угледуваат на него. Мило ми е што и натаму ќе ги брани нашите бои и сигурен сум дека ќе испишува нова историја со нас, како и ние со него. Со неговите 25 години, тој е веќе легенда на клубот“ – истакна директорот на Атлетико, Хосе Луиз Перез Каминеро.

Коке ги помина сите репрезентативни селекции на Шпанија, а од 2013 година е меѓу сениорите, каде досега настапи на 32 натпревари.

Се вчитува...